18.01.2021
Горивата од ноќеска на полноќ поскапуваат за денар до 1,5 денари за литар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги. Со одлуката се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 2,53 отсто.
18.01.2021
Од 21 јануари најверојатно ќе има продолжување на работното време за угостителите и по 21 часот, најави денеска министерот за економија, Крешник Бектеши.
18.01.2021
Ваучерите за домашен туризам дадоа одличен резултат, затоа во 2021 година ќе се продолжи со оваа мерка.
18.01.2021
Од Институтот за трансфузиона медицина, информираат дека се обезбедени вкупно 802 единици конвалесцентна плазма за третман на пациенти заразени со ковид-19 од вкупно 729 донори. Со крвна плазма досега се третирани 661 пациент.
18.01.2021
Премиерот Зоран Заев соопшти дека најмалку 8.000 вакцини од производителот Фајзер, Република Србија ги понудила за македонските граѓани.
18.01.2021
Нивоата на Охридското, на Преспанското и на Дојранското Езеро се исти како вчера, покажуваат последните мерења од Управа за хидрометеоролошки работи. Водостојот на Преспанското Езеро, како што информираат од Управа за хидрометеоролошки работи, за 34 сантиметри го има надминато апсолутниот минимум.