Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ на синоќешната седница, едногласно одлучи генералниот секретар Игор Јанушев да биде шеф на Републичкиот изборен штаб на претстојните предвремени парламентарни избори.
„Минималната бруто плата од април оваа година се усогласува согласно Законот за минимална плата и се зголемува за 3,3%“, соопштуваат утрово од СДСМ.
„Заедничкиот кандидат за претседател, Стево Пендаровски е потврда на концептот промовиран од СДСМ за изградба на едно општество за сите во напредна, евро-атлантска Република Северна Македонија, држава рамноправен партнер на демократскиот свет“, соопштуваат утрово од СДСМ.
Нема ниту соопштение ниту официјални информации од синоќешната прва координација пред конгресот на СДСМ , околу новата сосотојба со разидувањата со ДУИ и изборот за претседтелски кандидат. Единствено што се знае со сигурност е дека консултациите продолжуваат сите овие денови и дека пеглањето на инцидентите со ДУИ ќе оди во насока на смирување на топката. До овие избори. А како , дефинитивно ќе се знае денеска по средбата на двајцата лидери. Иако нивото на разговор е подигнат на лидерско ниво , проблемот не е решен и веројатно многу брзо ќе излезе на површина, брифираат извори од партијата.
Премиерот Зоран Заев коментирајќи ја вчерашната изјава на Христијан Мицкоски и ставот кон Договорот кажа дека лидерот на ВМРО-ДПМНЕ од една страна пред меѓународните претставници им кажува дека е конструктивен и дека е за ЕУ и НАТО, но од она што вчера го кажа кога не повика на протест, туку на отпор, сос што ја покажа патеката по која неговите поддржувачи треба да одат, е да се приклучат на протестите.
Премиерот Зоран Заев денеска изјави дека се уште се во разговори со БЕСА на Биљал Касами за изнаоѓање техничка формулација во однос на државјанството со цел обезбедување на потребните 80 пратеници за донесување на уставните амандмани.