Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to TwitterSubmit to LinkedIn

Македонските партиите во преговорите се обвинуваат меѓусебе дека другата го кочи договорот и бега од избори. ДУИ оптимистички очекува договор наскоро, јави Радио Слободна Европа.

ВМРО-ДПМНЕ бега од регуларни, фер и демократски избори и од Пржинскиот договор, изјави денеска пред почетокот на меѓупартиските разговори Радмила Шеќеринска, претставник на опозицискиот СДСМ. Таа вели дека на земјата и требаат избори час поскоро и дека нивната партија не отворала нови прашања на преговорите, туку бараат решение на отворените прашања.

Шеќеринска додава дека владејачката партија „бара рачка за да нема договор, затоа што, кога нема договор тие можат да продолжат да ловат во матно“.

Претставникот на ВМРО-ДПМНЕ во меѓупартиските разговори Никола Тодоров пак обвинува дека СДСМ не прави никаков исчекор кон договор.

„Денеска повторно ќе се обидеме да дојдеме до договор. Ние како и вчера и сите изминати денови сакаме договор и правиме се за да има договор. Она што го имаме од другата страна е постојано одбивање на сите предлози,“ рече Тодоров. Тој вели дека СДСМ со нивното однесување изгледа како да се подготвува за пораз на уште едни избори.

Претставникот на ДУИ, Артан Груби пак вели дека разговорите се одвиваат во многу позитивна и конструктивна атмосфера и дека партиите стигнале многу блиску до договор.

„Се надевам дека договор ќе постигнеме денеска или утре што ќе значи единствена можна дата за одржување избори годинава е 11 декември, затоа што сите други датуми се невозможни за одржување на избори. Се надевам дека посебно двете македонски политички партии ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ ќе се надминат себеси затоа што разликите се минимални“, рече Груби.

Учесници во разговорите не соопштија какви идеи биле дадени на вчерашната средба во резиденцијата на амбасадорот на САД Џес Бејли.

 

 

Поврзани вести

Web banner Duma Izvorska Izvor na 300x250px 01

Screenshot 2

52407849 472689196598964 4414210414364065792 n

Најново

 
   
   
   
   

Швајцарската мултинационална компанија активна во областа на фармацијата и производство на медицински помагала РОНТИС, заради зголемување на својот постоечки капацитет во фабриката во Велес, има
потреба да вработи:

10 (десет) Оператори во производство

Кандидатите треба да ги поседуваат следните квалификации:

  • ССС
  • Со или без работно искуство

ДПТ РОНТИС ДООЕЛ Велес не врши дискриминација по ниту еден основ (полова, верска или национална дискриминација) и ги охрабрува сите заинтересирани кандидати  да аплицираат.

Доколку сте заинтересирани, Ве молиме пратете ја Вашата биографија (CV) со фотографија на infomk@rontis.com  или на адреса:                                  ДПТ РОНТИС ДООЕЛ   с. Долно Оризари бб, Велес 1400 (со назнака за Оператор ), најдоцна до 15/04/2019 година.