Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to TwitterSubmit to LinkedIn

Аирлија избори, победуваме. Вака лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски го започна своето обраќање на партискиот собир што се одржа во салата Борис Трајковски. Собирот беше под мотото „Време е за крај на кризата“. Груевски рече дека изборите во декември ќе бидат своевиден реферндум за Македонија.

Голем дел од своето обраќање Груевски го посвети за да ја нападне и обвини опозицијата, дека намерно предизвикувала криза и хаос во државата, ги нарече лажговци кои едно ветуваат а ништо не прават. СДСМ сака без избори да дојде на власт, истакна Груевски и потенцира дека на тоа работело и Специјалното јавно обвинителство.

Груевски не пропушти и да потенцира дека додека СДСМ предизвикува хаос, ВМРО-ДПМНЕ работело на исполнување на програмата, дека имале голем број инвестиции, намалување на невработеност, унапредување на здравство, социјала, земјоделство и друго. Со обраќањето на Груевски практично се заокружи и тридневната активност на ВМРО-ДПМНЕ со бројни трибини, во пресрет на предизборната кампања.

Извор: 24 Вести

 

Поврзани вести

Web banner Duma Sinalco Nagradna Igra 300x250px

 

Најново