Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to TwitterSubmit to LinkedIn

Опозицијата се најде во центарот на вниманието на балканските медиуми.

„Во Скопје синоќа митинг одржа Зоран Заев, лидерот на СДСМ, на кој се собраа повеќе од 70 000 луѓе“, пишуваат српски медиуми.

Тие го пренесуваат говорот на Заев.

„Добро вечер, разбудена Македонијо“, рече Заев обраќајќи им се на присутните кои го поздравија со голем аплауз.

Тој ги повика граѓаните да гласаат на 11 декември и порача: „Ова се избори за живот или пропаст на Македонија“.

Толкав број на граѓани кои се собрале на митингот на лидерот на СДСМ Зоран Заев, не е виден досега, пишува пак српски курир, дополнувајќи дека Заев го обединил цел Балкан, а на митингот можеле да се видат знамињата на Македонија, Србија, Албанија, БиХ, Турција...

„Заокружи 4! За живот во Македонија“, се слушна од бината. „Имате шанса да изберете каква иднина сакате-11декември гласате за сопствената иднина“, порача Заев.

 

Поврзани вести

web banner 300x250 Sinalco Duma

banerknigovodstvo

E baner

Најново