Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to TwitterSubmit to LinkedIn

Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов денеска ќе оствари поединечни средби со политичките партии на кои ќе се разговара за актуелната политичка состојба.

Средбата со претседателот на Беса е закажана за во 12 часот, со претставниците на „Алијанса за Албанците во 13 часот, со претседателот на ДУИ во 14.30 часот, а со претседателот на СДСМ во 16 часот.

Средба со претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Иванов ќе има во 17.30 часот.

Консултациите со парламентарните партии следуваат по вчерашната средба на Иванов со претседателот на Уставниот суд, Никола Ивановски.

 

Поврзани вести

Web banner Duma Kozuvcanka Fakti 300x250px 01

banerknigovodstvo

Најново