Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to TwitterSubmit to LinkedIn

Ноќеска во македонскиот парламент беше доставен составот и програмата на новата влада со премиер Зоран Заев. Ова го соопшти еден од идните министри во кабинетот Љупчо Николовски .Претседателот на парламентот, Талат Џафери потврди дека ја добил потребната документација за избор на новата влада. Тој веднаш до сите пратеници ја испратил програмата и имињата на кандидат-министри.

Џафери закажал за утре, 30 мај седница на парламентот во 11.00 часот, на која ќе започнат дебатите за избор на нов кабинет. Согласно Уставот на Република Македонија дебатите продолжуваат најмногу два дена.

Тоа значи дека во средата пред полноќ Зоран Заев ќе биде избран за нов премиер. Лидерот на Социјалдемократскиот сојуз Зоран Заев синоќа го објави составот на новата македонска влада, кој беше одобрен на вонредна седница на Централниот одбор на партијата.
Во новиот кабинет ќе има 15 министерски места и 6 министри без ресор. Тие се претставници на три партии – СДСМ, Демократската унија за интеграција / ДУИ / на Али Ахмети и Албанскиот сојуз на Зијдин Села.

Во последен момент Движењето “Беса” на Билал Касам одлучи да не биде дел од новата коалиција, со поставување на непринципиелни услови за редефеинирање на државата.

Трите партии – СДСМ, ДУИ и Албанскиот сојуз располагаат со 62 пратеници во 120-члениот парламент.

СДСМ ќе учествува со следниве министри Радмила Шеќеринска / Одбрана, / Оливер Спасовски / МВР /, Драган Тевдовски / Финансии /, Никола Димитров / МНР /, Рената Десковска / Образование /, Љупчо Николовски / Земјоделство /, Мила Царовска / Труд и социјална политика, Роберт Алѓозовски / Култура /, Дамјан Манчевски / Администрација и информатичко општество, Горан Сугаревски / Транспорт и врски, Кочо Анѓушев ќе биде вицепремиер задолжен за економски прашања. Едмонд Адеми, Роберт Поповски, Аднан Ќахил, Самка Ибраимовски, Зоран Шапурич и Зорица Апостоловска ќе бидат министри без ресор.

Заев соопшти дека ќе го испрати списокот со имињата на кандидат-минстрите до Специјалното обвинителство за да биде јасно дали против некој од нив се води истрага, вклучувајќи и против него. Ако добијам информации дека против некој од предложените за министри има истрага, тој нема да биде дел од овој кабинет, истакна Заев.

Од партијата на Али Ахмети нудат Хазби Лика, Бујар Османи, Билент Салиу, Крешник Бекташи и Садула Дураку. Поранешниот градоначалник на Тетово Хазби Лика (2005-2009) ќе ја врши функцијата на вицепремиер задолжен за спроведување на Охридскиот договор.

Досегашниот портпарол на ДУИ, Бујар Османи и поранешен министер за здравство (2008-2011) ќе биде вицепремиер со ресор евроинтеграција.

Актуелниот градоначалник на Липково Садула Дураку, кој е и поранешен министер за земјоделство, ќе одговара за животната средина.
Крешник Бекташи ќе го раководи Министерството за економија. Рамиз Мерко ќе биде министер без ресор. Партијата на Зијдин Села добива Министерството за здравство, кое ќе се раководи од Арбен Таравари. Министерството за локална самоуправа ќе биде регулирано од Сухејл Фазлиу.

Нивниот предлагач е дециден, сите се чисти.

„Што се однесува до кредибилитетот на кандидатите на ДУИ, мандатарот и идниот премиер ќе побара од сите институции на државата податоци и мислење за сите кандидати.“ – изјави Ахмети.

Зоран Заев го повика ВМРО-ДПМНЕ на Никола Груевски да ги поддржат реформите кои ќе бидат предложени, бидејќи тие ќе бидат во корист на граѓаните.
Идниот премиер побара поддршка и од Демократската партија на Албанците на Мендух Тачи, која исто така останува во опозиција

Поврзани вести

web banner 300x250 Sinalco Duma

banerknigovodstvo

E baner

Најново

 
   
   
   
   

Швајцарската мултинационална компанија активна во областа на фармацијата и производство на медицински помагала РОНТИС, заради зголемување на својот постоечки капацитет во фабриката во Велес, има потреба да вработи:

20 (дваесет) Оператори во производство

 

Кандидатите треба да ги поседуваат следните квалификации:

  • ССС
  • Со или без работно искуство

ДПТ РОНТИС ДООЕЛ Велес ги охрабрува сите заинтересирани кандидати  да аплицираат, без разлика на нивната полова, верска или национална припадност.

Доколку сте заинтересирани, Ве молиме пратете ја Вашата биографија (CV) со фотографија на infomk@rontis.com  или на адреса:                                  

ДПТ РОНТИС ДООЕЛ   с. Долно Оризари бб, Велес 1400 (со назнака за Оператор ), најдоцна до 10/09/2019 година.