Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to TwitterSubmit to LinkedIn

За прв пат висока државна делегација од Република Македонија во еден ден ќе има средби со сите високи претставници на ЕУ и НАТО, соопшти владината служба.

Премиерот Зоран Заев на првата официјална посета во Брисел, каде е придружуван од вицепремиерката и министер за одбрана Радмила Шекеринска, вицепремиерот за евроинтеграции Бујар Османи и министерот за надворешни работи Никола Димитров, ќе има средби со претседателот на Европскиот Совет Доналд Туск, со високата претставничка за заедничка надворешна и безбедносна политика на ЕУ и потпретседател на ЕК, Федерика Могерини, комесарот за европска соседска политика и преговори за проширување Јоханес Хан, како и со генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг.

„Целта на посетата е Владата да ја потврди својата целосна посветеност на интеграците во ЕУ и НАТО, како стратешка цел на земјата и да ги презентира реформските приоритети во агендата на Владата за враќање на Република Македонија на патот на евроатланските интеграции“, соопшти секторот за односи со јавноста на Владата.

Поврзани вести

Web banner Hit Portal Sinalco IceTea 2018 300x250px 01

 

Најново