Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to TwitterSubmit to LinkedIn

Премиерот Зоран Заев обраќајќи се до пратениците, на седницата на која треба да се изберат заменици-министри, рече дека биографиите се веќе неколку дена пред пратениците, и дека изборот на замениците е избор на професионалци и експерти


– Го движиме делокругот на извршната власт на две шини, едната на реформи, другата на подобрување на стандардот на граѓаните. Изградивме стратегија рамноправно распределување на задачи на сите функционери кои треба да бидат сервис на граѓаните – рече премиерот Заев.

За заменик министер за одбрана е предложен Беким Максути, за внатрешни работи Агим Нухиу, за правда предлог е Оливер Ристовски, за надворешни работи Арта Точи, за финансии Ширете Елези, за економија Кире Наумов, за шумарство и водостопанство предложен е Власте Димковиќ, за здравство Гоце Чакаровски, за труд и социјална политика Елми Назири, за локална самоуправа Дејан Павлевски, за заменик на министерот Алаѓозовски предложен е Владимир Лазовски, за заменик на министерот за информатичко општество и администрација предложен е Владимир Бајдевски, за транспорт и врски Ремзи Мехмети и за заменик- министер за животна средина и просторно планирање предложен е Јани Макрадули.

– Императивот на владата е да знае дека парламентот е тој што ги креира политиките и наша должност е да го испочитуваме Парламентот кога нашето присуство овде е неопходно и а бидеме поставени на својот дел од извршноста дадена и делегирана од Собранието. Луѓето предложени овде знаат дека ќе добијат одговорна задача да ги извршуваат задачите според законите и уставот со цел подобрување на животот на сите граѓани на Македонија – рече премиерот од собраниската говорница.

 

 

SEMM baner MK

Поврзани вести

banerduma

 

 

baner i od veles se moze

E baner

Konsalting Jovevi

О Г Л А С

                        за избор на 20 судии-поротници во Основен суд Велес

  1. Кандидатот за судија - поротник потребно е да ги исполнува следните услови:
  1. да е полнолетен државјанин на Република Северна Македонија
  2. да има завршено најмалку средно образование
  3. активно да го владее македонскиот јазик
  4. да ужива углед за вршење на функцијата судија-поротник
  5. да не е постар од 60 години.

            II.За судија-поротник не може да биде избрано лице кое со судијата или судијата-поротник во истиот суд е во сродство во права линија или во странична линија до трет степен или е негов брачен другар, ниту лице кое со член на Судски совет на РСМ е во сродство во права линија или во странична линија до трет степен или е негов брачен другар.

            III.Заинтересираните кандидати потребно е да поднесат пријави и документи и тоа:

            -Диплома за завршено образование (оригинал или заверена на нотар),

            -Уверение за државјанство,

      -Потврда од казнена евиденција (издадена од суд според местото на раѓање).

            IV.Пријавата со потребните документи да се достават до Основен суд Велес (на приемна писарница или преку пошта со препорачана пратка) на адреса ул.„8-ми Септември“ бр.53, во рок од 15 дена од објавувањето на огласот.

                                                                                                   ОСНОВЕН СУД ВЕЛЕС

 
   
   
   
   

Најново