Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to TwitterSubmit to LinkedIn

Бугарскиот премиер, Бојко Борисов го поздрави ратификувањето на Договорот за пријателство, добрососедство и соработка меѓу Република Македонија и Република Бугарија кој денеска беше одобрен во македонското Собрание.

Борисов се обрати преку својот фејсбук-профил од Азербејџан, каде што е во официјална посета.

„Го поздравувам парламентот на Република Македонија, кој денеска го ратификуваше Договорот за пријателство, добрососедство и соработка меѓу Република Македонија и Република Бугарија. Со тоа покажаа дека желбата да изградиме модерни, европски односи на пријателство и доверба е заедничка“, напиша бугарскиот премиер.

Поврзани вести

Web banner Hit Portal Sinalco IceTea 2018 300x250px 01

PITIJADAVELES1

Најново