Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to TwitterSubmit to LinkedIn

janusev fin

Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ на синоќешната седница, едногласно одлучи генералниот секретар Игор Јанушев да биде шеф на Републичкиот изборен штаб на претстојните предвремени парламентарни избори.


Како што се наведува во соопштението од партијата, Извршниот комитет го задолжил Јанушев до следната седница да предложи состав на Републичкиот изборен штаб.

На состанокот членовите на ИК ги анализирале и досегашниот тек на акцијата „Обнова на Македонија” и проблемите со кои се соочуваат, како што се наведува, илјадници граѓани кои пристапија и побараа решение.

-Беше констатирано дека граѓаните не сакаат лаги и измами како ветувањата на Зоран Заев, туку инвентивна, реална, остварлива програма која што ќе го подобри нивниот стандард и ќе ги врати вистинските вредности во Македонија, се посочува во соопштението.

Околу актуелната политичко-економска состојба, како што се наведува, „биле нотирани низа сомнителни однесувања на власта во заминување кои ќе треба да бидат истражени откако Зоран Заев ќе биде поразен и законите ќе важат подеднакво за сите”.

Од ВМРО-ДПМНЕ посочуваат дека секој обид да се узурпира волјата на граѓаните кои се цврсто определено да го казнат Заев, ќе повлече одговорност.

ИК констатирал и дека власта три години не направила ништо за аерозагадувањето, кое е повисоко од кога било. Скопје и други градови низ државата се на врвот на светските листи на најзагадени градови.

Од опозициската партија посочуваат дека на 12 април следат промени и оти по изборите почнува обновата на Македонија со ВМРО-ДПМНЕ.

 

 

SEMM baner MK

Поврзани вести

lifer gif 300x250 Duma

baner i od veles se moze

E baner

Konsalting Jovevi

АПЕЛ ЗА ПОМОШ НА СЕМЕЈСТВОТО МАНЕВИ

На 20 декември 2019 година во пожарот што изби во комплексот Варналиите, во Велес, на улица: „Јован Наумов Алабакот“ целосно е оштетена и куќата со реден број 10 на семејството Маневи во која живееја Љубица и Бојан. Огнот ги пеплоса покуќнината, мебел, технички апарати и гардероба. Тие немаат каде да живеат. Засега се згрижени кај роднини. На Љубица и Бојан им е потребна граѓанската помош и поддршка. Граѓани, да му покажеме на ова семејство, дека не е само во загубата на имотот. 

Пред и за време на новогодишните и божикни празници, секој од Вас колку што може нека донира на сметка 210-5016284563-22, депонент НЛБ Тутунска Банка АД Скопје. Сопственик на сметката е Манева Љубица со живеалиште на ул. Јован Наумов Алабакот број 10 во Велес. Број на повикување за физички лица е 289, за правни лицае 262, со назнака донација.

За добронамерните граѓани надвор од Македонија уплатите можат да се вршат на IBAN Code MK7210501628456322, SWIFT TUTNMK22.

 
   
   
   
   

Најново