Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to TwitterSubmit to LinkedIn

sdsm fn

„СДСМ продолжува со одговорното однесување за заштита и унапредување на животната средина и заштита на здравјето на граѓаните.
Затоа ќе застанеме зад Законот за забрана за увоз на отпад.

Пратеници на СДСМ се обврзуваат дека ќе овозможат системско решение кое ќе ги опфати сите аспекти на управувањето со отпадот и нема да го загрози процесот на извоз на опасниот токсичен отпад од нашата држава.

Ова законско решение дополнително ќе се надгради преку измени и дополнувања по изборите, со новиот собраниски состав, ќе се акредитира домашна лабораторија, ќе се ангажираат повеќе инспектори и конечно системот ќе почне да функционира.

Факт е дека после долги години манипулирање со граѓаните и загрозување на нивното здравје, се преземаат вистински мерки за управување со отпадот. Започната е постапка за отстранување на опасниот отпад од ОХИС, главната депонија Дрисла е повторно под надлежност на градот, засилени се инспекциските контроли…

Ако се компарираат бројките на увезен отпад јасно е дека во времето на режимското владеење се увезувале по стотина илјади тони годишно, а последните години количината е намалена на само две до три илјади тони.

Оттаму ВМРО-ДПМНЕ нема право да зборува за отпад затоа што тие беа најголемите поттикнувачи на загадувањето. Тоа граѓаните одамна го знаат и затоа на 12-ти април наместо лицемерие и неспосбност ќе изберат здравје и здрава животна средина,“ пшува во соопштението за јавност на СДСМ.

 

 

SEMM baner MK

Поврзани вести

banerduma

 

 

baner i od veles se moze

E baner

Konsalting Jovevi

О Г Л А С

                        за избор на 20 судии-поротници во Основен суд Велес

  1. Кандидатот за судија - поротник потребно е да ги исполнува следните услови:
  1. да е полнолетен државјанин на Република Северна Македонија
  2. да има завршено најмалку средно образование
  3. активно да го владее македонскиот јазик
  4. да ужива углед за вршење на функцијата судија-поротник
  5. да не е постар од 60 години.

            II.За судија-поротник не може да биде избрано лице кое со судијата или судијата-поротник во истиот суд е во сродство во права линија или во странична линија до трет степен или е негов брачен другар, ниту лице кое со член на Судски совет на РСМ е во сродство во права линија или во странична линија до трет степен или е негов брачен другар.

            III.Заинтересираните кандидати потребно е да поднесат пријави и документи и тоа:

            -Диплома за завршено образование (оригинал или заверена на нотар),

            -Уверение за државјанство,

      -Потврда од казнена евиденција (издадена од суд според местото на раѓање).

            IV.Пријавата со потребните документи да се достават до Основен суд Велес (на приемна писарница или преку пошта со препорачана пратка) на адреса ул.„8-ми Септември“ бр.53, во рок од 15 дена од објавувањето на огласот.

                                                                                                   ОСНОВЕН СУД ВЕЛЕС

 
   
   
   
   

Најново