Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to TwitterSubmit to LinkedIn

osmani fin

28.05.2020

Мислам дека разликите помеѓу политичките партии вклучувајќи ги и најекстремните позиции по однос на датумот за избори, не се разликуваат повеќе од десет -петнаесет дена. Така што сметам дека не се ненадминливи разлики и ако деновиве продолжи интензивната комуникација меѓу партиите, како што и се случува мислам дека може да се сретнеме некаде околу 5 јули, изјави денеска вицепремиерот задолжен за европски прашања Бујар Османи.

Ставот на ДУИ, како што посочи, е дека ниту еден општествен процес не смее да ја влоши здравствената состојба, нешто со што, како што рече, се согласуваат сите политички партии и оти треба да има консензус по однос на датумот за избори бидејќи инклузивноста во процесот е многу важна за изборите.

-Ќе продполжиме деновиве да се обидеме, не вреди за 10 – 15 дена да ја внесеме државата во политичка криза и најмалку што очекуваат граѓаните во услови на пандемија е дополнително да ја внесеме државата во криза. Очекувам сите да бидеме на ниво на одговорноста што ја имаме и оти ќе се сретнеме во смисла на потврдување на датум, рече Османи, одговарајќи на новинарско прашање по примопредавањето на донацијата што Полска ја обезбеди за нашата земја како поддршка во борбата против КОВИД-19.

Најмалку што и треба на државата во услови на пандемија, на здравствена и економска криза, потенцира вицепремиерот, е политичките партии да се поларизираат до екстрем кој ќе ја доведе државата до политичка криза. Тоа, вели, не го посакуваат граѓаните и не и треба на државата.

Во врска со вонредната состојба Османи рече дека утре ќе се направи оценка по што ќе се изгради став што ќе му биде предложен на претседателот Стево Пендаровски. – В петок имаме седница на кризниот штаб, ќе се направи анализа на трендот на бројките и заедно со Комисијата за заразни болести до претседателот ќе го предложиме нашиот став, најави вицепремиерот Османи.

 

 

SEMM baner MK

Поврзани вести

banerduma

 

 

baner i od veles se moze

E baner

Konsalting Jovevi

О Г Л А С

                        за избор на 20 судии-поротници во Основен суд Велес

  1. Кандидатот за судија - поротник потребно е да ги исполнува следните услови:
  1. да е полнолетен државјанин на Република Северна Македонија
  2. да има завршено најмалку средно образование
  3. активно да го владее македонскиот јазик
  4. да ужива углед за вршење на функцијата судија-поротник
  5. да не е постар од 60 години.

            II.За судија-поротник не може да биде избрано лице кое со судијата или судијата-поротник во истиот суд е во сродство во права линија или во странична линија до трет степен или е негов брачен другар, ниту лице кое со член на Судски совет на РСМ е во сродство во права линија или во странична линија до трет степен или е негов брачен другар.

            III.Заинтересираните кандидати потребно е да поднесат пријави и документи и тоа:

            -Диплома за завршено образование (оригинал или заверена на нотар),

            -Уверение за државјанство,

      -Потврда од казнена евиденција (издадена од суд според местото на раѓање).

            IV.Пријавата со потребните документи да се достават до Основен суд Велес (на приемна писарница или преку пошта со препорачана пратка) на адреса ул.„8-ми Септември“ бр.53, во рок од 15 дена од објавувањето на огласот.

                                                                                                   ОСНОВЕН СУД ВЕЛЕС

 
   
   
   
   

Најново