Почнува итна операција на НАТО во Македонија. Во Брисел е подготвен план кој ќе го разбие руското влијание во регионот.

За прв пат висока државна делегација од Република Македонија во еден ден ќе има средби со сите високи претставници на ЕУ и НАТО, соопшти владината служба.

Високата претставничка за надворешна и безбедносна политика на Европската унија, Федерика Могерини и еврокомесарот за преговори за проширување Јоханес Хан, в понеделник во Брисел ќе го пречекаат новиот македонски премиер Зоран Заев во негова прва официјална посета на европската престолнина откако застана на чело на Владата на Република Македонија.

Најверојатно ќе се договараат назначувања на функционери од вториот и од третиот ешалон.

Во Собранието на Република Македонија за денеска се најавени три седници. За во 10 часот е закажано 21-во продолжение на првата седница на чиј дневен ред изборот на претседател, заменик на претседателот, членови и нивни заменици на Комисијата за прашања на изборите и именувањата, по што во 11 часот треба да се одржи третата седница за избор на работни тела, а напладне да продолжи втората седница за избор на нова влада.

Парламентот денеска во 12 часот ќе ја продолжи вчера започнатата расправа за новата влада предложена од мандатарот, претседателот на СДСМ Зоран Заев.

Поврзани вести

 

Најново