Лидерот на СДСМ Зоран Заев ги предаде 67-те потписи кои беа услов за добивање мандат за формирање влада на претседателот Ѓорге Иванов во претседателската вила на Водно.

Сè додека не се разјасни каков ќе биде составот на евентуалната идна владина коалиција, Собранието останува брз својот прв човек. А, според изборниот законик, токму спикерот најдоцна до понеделник треба да ги распише редовните локални избори. Од Државната изборна комисија велат дека последниот датум за тоа е 6 март, со што би се испочитувал и законскиот рок за изборите да се одржат во првата половина од мај, пишува АлсатМ.

Централното претседателство на ДУИ денеска треба да заседава во Мала Речица во врска со преговорите со СДСМ за формирање нова влада.

До крајот на неделава се очекува да се добие појасна слика дали и во која мера постои согласност и совпаѓање на партиско-програмските платформи, за кои деновиве се водат разговори меѓу тимовите на ДУИ и СДСМ, пишува Дојче веле.

Али Ахмети ја добил пратка од Зоран Заев. Материјали од Бихаќка стигнале до Мала Речица, потврдуваат партиски извори и од двете партии. Сега Ахмети има што да размислува, и да ги почне преговороте со своите во ДУИ. Изгледа тие преговори се многу потешки за Ахмети отколку оние со Заев и Груевски.

Во пресрет на утрешната посета на еврокомесарот Јоханес Хан, тивко и денеска продолжуваат внатрешните консултации за можен договор меѓу СДСМ и ДУИ околу прашањето за мнозинство во парламентот, пишува РСЕ.

Поврзани вести

 

Најново