Собранискиот спикер Талат Џафери денеска ја започна втората седница на Собранието, на чиј дневен ред е расправа за составот и за програмата на новата Влада која ќе ја претстави мандатарот Зоран Заев.

Македонскиот парламент денеска ќе ја почне расправата за составот и програмата на новата влада чиј мандатар е претседателот на СДСМ Зоран Заев.

Алсат М-дознава дека пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Тодоров се повлекува од пратеничката функција и ќе се посвети на адвокатурата.

Мандатарот и претседател на СДСМ Зоран Заев денеска изјави дека очекува новата влада да биде избрана најдоцна до задутре навечер, согласно роковите, а прва обврска да биде укинување на екстерното оценување.

Ноќеска во македонскиот парламент беше доставен составот и програмата на новата влада со премиер Зоран Заев. Ова го соопшти еден од идните министри во кабинетот Љупчо Николовски .Претседателот на парламентот, Талат Џафери потврди дека ја добил потребната документација за избор на новата влада. Тој веднаш до сите пратеници ја испратил програмата и имињата на кандидат-министри.

Од партиските простории во Тетово во 13 часот, првиот човек на Алијансата на Албанците, Зијадин Села за првпат ќе се појави пред јавноста на прес-конференција откако беше претепан на 27 април за време на насилното влегување во Собранието на демонстранти.

Поврзани вести

Web banner Duma Kozuvcanka Fakti 300x250px 01

Најново