Завршувањето на конститутивната собраниска седница и формирањето на работните тела со нетрпение го очекуваат 39 поранешни пратеници.

Влегуваме во разрешница или во опасна фаза?

Со секој изминат ден без договор за парламентарно мнозинство, се заострува реториката што доаѓа од штабот на ВМРО-ДПМНЕ. Последната директна порака оттаму беше упатена и кон СДСМ и кон ДУИ.

ВМРО-ДПМНЕ информира дека не е против амбасадорите, туку принципиелно реагира кога некои амбасадори ќе ги пречекорат своите овластувања и делуваат како замена за пратениците и владата избрана од граѓаните.

Завршија средбите на претседателот Ѓорге Иванов со претставници на политичките апртии БЕСА и Алијанса за Албанците во Вилата на Водно. По средбата со БЕСА, генералниот секретар на партијата Африм Гаши не даде изјава за медиумите и најави соопштение. Само кратко рече дека оној кој ќе обезбеди парламентарно мнозинство, тој ќе формира влада.

Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов денеска ќе оствари поединечни средби со политичките партии на кои ќе се разговара за актуелната политичка состојба.

Собраниските служби го известиле претседателот Ѓорге Иванов дека до истекот на рокот, ноќеска на полноќ, мандатарот Никола Груевски, лидер на ВМРО-ДПМНЕ, не поднел ни предлог за состав за нова Влада, ни програма.

Поврзани вести

Web banner Duma Kozuvcanka Fakti 300x250px 01

Најново