Високата претставничка на ЕУ за надворешна политика и безбедност Федерика Могерини денеска во Брисел ќе се сретне со претседателите на владите на шесте држави од Западен Балкан.
Како што соопшти прес-службата на високата европска претставничка, предвидено е Могерини да организира работна вечера со премиерите на Македонија, Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Србија и Црна Гора, на која ќе присуствува и еврокомесарот за проширување и соседска политика Јоханес Хан

Министерот без ресор задолжен за подобрување на состојбата на Ромите во Македонија, Самка Ибраимовски, најави дека ќе ја напушти министерската функција и оти ќе биде пратеник во Собранието, соопшти неговиот кабинет.

Средбата меѓу претставници на Македонија и Грција со посредникот на Обединетите нации за спорот со името, Метју Нимиц, која е закажана за 11 и 12 декември во Брисел е знак за континуитетот на позитивната клима, која се создаде во односите меѓу двете земји по промената на власта во Македонија, јавуваат грчките медиуми, пишува грчкиот весник „Катимерини“.

Посетата на премиерот Зоран Заев на Србија, која заврши вчера, беше медиумски следена со голем внимание од речиси сите српски медиуми, како и од странски дописници. Најголем интерес српските новинари искажаа за актуелната дипломатска и политичка состојба меѓу двете земји по неодамнешните турбулентни односи.

ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение го повика премиерот Зоран Заев јавно да каже од кого добива закани и колку тие се реални, откако Заев за црногорското радио „Анетна-М“ рече дека некои безбедносни аналитичари му кажале дека му е загрозена безбедноста и дека е потенцијална мета на атентат.

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, на денешниот брифинг со новинарите, потврди дека премиерот Зоран Заев веќе две години е под постојани закани за атентат.

Поврзани вести

Web banner Hit Portal Sinalco IceTea 2018 300x250px 01

Најново