Аирлија избори, победуваме. Вака лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски го започна своето обраќање на партискиот собир што се одржа во салата Борис Трајковски. Собирот беше под мотото „Време е за крај на кризата“. Груевски рече дека изборите во декември ќе бидат своевиден реферндум за Македонија.

Заменик претседателката на СДСМ, Радмила Шеќеринска на својот Фејсбук профил го објави договорот кој го потпишаа лидерите на четирите политички партии.

Лидерот на СДСМ Зоран Заев смета дека потпишаниот договор со другите три партии потписнички на Пржинскиот договор е поволен „бидејќи обезбедува чекори за исполнување на минимум двата услови за слободни фер избори – минимум регулација на медиуми и допрочистување на избирачкиот список“, пишува Сакамдакажам.

Постигнат е договор меѓу претставниците на партиите, јави 24 Вести по добиените информации од партиски извори. Како што јави телевизијата во секој момент се очекува изјава на амбасадорот Џес Бејли и дел од преговарачите.

Македонските партиите во преговорите се обвинуваат меѓусебе дека другата го кочи договорот и бега од избори. ДУИ оптимистички очекува договор наскоро, јави Радио Слободна Европа.

На средбите на работните групи во Пржино воопшто не се разговарало за формирање на Специјално судско одделение или специјално одделение во МВР кои би работеле на случаите во надлежност на Специјалното јавно обвинителство. Такви преговори со власта директно водат претставници на меѓународната заедница и тие не се предмет на преговори на партиските претставници, пишува Дојче веле.

Поврзани вести

Web banner Hit Portal Sinalco IceTea 2018 300x250px 01

 

Најново