Коалицијата „За подобра Македонија“, предводена од ВМРО-ДПМНЕ, до Државната изборна комисија (ДИК), синоќа пред полноќ ги поднесе кандидатските листи за пратеници за предвремените парламентарни избори кои се закажани за 5.јуни.

Никола Груевски сепак преговара, и бетонираниот датум за избори веќе е разбиен со хилтите на САД и ЕУ. Очигледно е голем влогот кога ВМРО ДПМНЕ мора повторно да се повлече и од овој по нивна мерка закажан датум за избори. Нема услови да се оддржат избори на 5 јуни , тоа е апсолвирано и од целата опозиција, и од албанските политички партии и од конструктивниот професионален дел на ДИК . Тоа му е јасно и на самото раководство на ВМРО ДПМНЕ, врхушката околи Груевски , ама сега смислуваат како тоа да го спакуваат пред сопственото членство. Станува мачно ама сега повторно мора преку своите ТВ мегафони и пискарала да перат мозок дека странските служби, тоа чадорите и Заев се бељата, а не нивните бељи фатени „живи“ токму од тие кои нивните пискарала јаво ги кабаетат.

Лидерот на СДСМ Зоран Заев вечерва соопшти дека СДСМ нема да учествува на, како што рече, овие лажни избори на 5 јуни. Тој рече дека Договорот од Пржино беше потпишан за да се обезбеди принципот „еден човек еден глас“, но оти избирачкиот список не се прочистува, не се носат реформи во медиумите и не прекинуваат притисоците.

Собранието се распушти, откако претседателот Трајко Вељаноски рече дека заврши мандатот на овој состав. На седницата која траеше околу 10 минути не беа констатирани оставките на министрите и замениците министри од СДСМ. На седницата не беа присутни пратениците од опозициската коалиција предводена од СДСМ.

Централното раководство на ДУИ синоќа одлучи да ги повлече своите актуелни претставници од извршната власт на Република Македонија, соопшти од партијата.

„Никола Груевски повторно ги навреди граѓаните од цела Македонија со исмевање на уставно загарантираното право на слободен глас.

Поврзани вести

Web banner Duma Kozuvcanka Fakti 300x250px 01

banerknigovodstvo

Најново