Албанија се бори со 18 големи пожари, вклучувајќи и еден  близина на главниот град Тирана, соопшти агенција АТА, повикувајќи се на службата за цивилна заштита. Според податоците на службата пожарите беснеат во речиси сите области на земјата. Против стихијата се борат 154-ца пожарникари, 30 противпожарни возила, 54 доброволци, 50 вработени од силите за брза реакција, а истотака вклучени се и  хеликоптери. Крај села до престолнината Тирана горат цели дрвја.

Бугарски државјанин загина во црногорскиот туристички центар Будва , откако Србин со скутер удрил во Бугарин на педалинка , објавија српски весници, цитирани од bTV.

Земјотресот со итензитет од 6,2 степени, според Рихтеровата скала, што синоќа во 1.31 часот, по локално време, ги погоди југоисточните острови во Егејското Море, предизвика создавање на цунами со висина од десет метри во морето покрај турскиот град Бодрум, покажуваат податоците на сеизмичката опсерваторија „Кандили“ при Универзитетот „Богазичи“ во Истанбул.

Најмалку две лица загинаа по силниот земјотрес во Егејското Море, на островот Кос што ја здрма и југоисточна Турција, пренесе NBC News.

Движењето на слободни граѓани (ПСГ) најавија дека на градските плоштади ширум Србија од утре ќе почне емитување „Слободен Дневник“, во кој како што се наведува „луѓето ќе може да слушнат од слободните новинари вистина за тоа што се случува во нивниот град, покраина, држава и светот“.

По катастрофалниот пожар во Сплит во градот ќе биде прогласена елементарна непогода, а откако ќе заврши полицискиот увид ќе се започне и со проценка на штетите.

Поврзани вести

Најново