Приведени 14 лица за нападот во Истанбул
Објавено на 3 јануари, 2017 во 14:01
Турската агенција Анадолија јави дека уште 6 лица биле приведени во врска со нападот во ноќниот клуб Реина за време на прославата на Нова година. Сите приведени кои сега се 14 на број се испратени на сослушување во полицијата во Истанбул. Во нападот загинаа 39 лица, а 69 беа повредени. Агенцијата не соопшти детали за осомничените, ниту каде биле приведени.
Турските медиуми претходно објавија „селфи“ видио снимка од маж за кого велат дека е осомничен за нападот. Милитантната група Исламска држава ја презеде одговорноста за нападот, а осомничениот и натаму е во бегство и се уште не е идентификуван.