Поради токсини, Хрватска го повлече зачинот „Шафрам паприка“
Министерството за земјоделство на Република Хрватска извести во вторникот дека поради недозволени концентрации на микотоскини се повлекува од пазарот производот „Шафрам паприка“ толчен лут од 35 грама во стаклено пакување, и од 50 грама во кесички.
На својата интернет страна министерството за земјоделство извести дека примило известување од Министерството за здравство за наодот на микотоксинот Афлатоксин Б1 во недозволени концентрации во лутиот толчен пипер на производителот „Шафрам д.о.о“.
Се работи за производот „Шафрам паприка“, толчен лут – 35г (Lot 005515) i „Шафрам паприка“, толчен лут – 50г (Lot 005515). Двете пакувања имаат рок на употреба до 30 октомври 2017.
Санитарната инспекција на Министерството за здравство забранила продажба и натамошна употреба на тој производ, наредила негово повлекување од малопродажба, нештетно уништување и известување на потрошувачите за причините на повлекување.
Според соопштението на санитарната инспеција, објавата на производителот потрошувачите може да ја побараат на неговата веб страница.