Во САД, Трамп и Клинтон постигнаа убедливи победи во „супер вторник“
Милијардерот и поранешниот државен секретар заземаат лидерски позиции во претседателската трка.
Во САД се одржува еден од најважните фази во претседателската предизборна трка, која е наречена “супер вторникот”.Во 12 држави се одржуваат прелиминарни избори.Според прелиминарните резултати републиканецот Доналд Трамп и претставничката на демократите Хилари Клинтон се неприкосновени лидери.
Поранешниот државен секретар на САД убедливо победи во Вирџинија, Џорџија, Алабама, Тенеси, Тексас и Арканзас. Нејзиниот главен конкурент, демократот Берни Сандерс собра повеќе гласови само во две држави – Вермонт и Оклахома.
Не помалку убедлив е и начинот на кој води во првичните избори милијардерот Доналд Трамп. Тој собра најмногу гласови во Вирџинија, Џорџија, Масачусетс, Алабама, Тенеси и Арканзас. Другиот претставник на републиканската партија Тед Круз успеа да “покори” исто само две држави