Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to TwitterSubmit to LinkedIn

Бегалци почнаа утрово со нови протести на автопатот до гратчето Поликастро во северна Грција, со барања да бидат отворени границите за да продолжат со патување кон држави од централна Европа, јавија грчки медиуми.

Бегалците поставиле и шатори на автопатот, додека локалните власти предупредуваат за опасност од сообраќајни инциденти и ја повикаа полицијата да интервенира.

Бегалците вчера го блокираа автопатот во двете насоки во реонот на Поликастро со барање да им се дозволи преминување на грчко-македонската граница и наведоа дека нема да земаат храна и вода додека не се исполнат нивните барања.

Весникот „Катимерини“ објави дека ситуацијата во кампот за бегалци Идомени не е под контрола и претставува „вулкан“ што може да проработи во секој момент. Во извештајот на весникот се наведува дека здравствената состојба на бегалците и мигрантите во Идомени се влошува по повлекувањето на неколку невладини организации од кампот.

И весникот „Вима“ наведува дека Идомени претставува „бомба“ што може да предизвика непредвиден развој на настаните и последици, бидејќи Грција не може да се справи со бегалскиот проблем.

Извор: МИА

Поврзани вести

web banner 300x250 Sinalco Duma

banerknigovodstvo

E baner

Најново

Швајцарската мултинационална компанија активна во областа на фармацијата и производство на медицински помагала РОНТИС, заради зголемување на својот постоечки капацитет во фабриката во Велес, има потреба да вработи:

20 (дваесет) Оператори во производство

Кандидатите треба да ги поседуваат следните квалификации:

  • ССС
  • Со или без работно искуство

ДПТ РОНТИС ДООЕЛ Велес ги охрабрува сите заинтересирани кандидати  да аплицираат, без разлика на нивната полова, верска или национална припадност.

Доколку сте заинтересирани, Ве молиме пратете ја Вашата биографија (CV) со фотографија на hrmk@rontis.com  или на адреса:                                  ДПТ РОНТИС ДООЕЛ   с. Долно Оризари бб, Велес 1400 (со назнака за Оператор ), најдоцна до 30/10/2019 година.