Швајцарците ќе добиваат гарантирани 2.500 евра месечно
Објавено на 27 мај, 2016 во 07:59
Земјата планира на 5 јуни да одржи национален референдум околу воведување на основен доход.
Швајцарија ја разгледува можноста на секој полнолетен државјанин месечно да исплаќа загарантирани 2.500 франци. Земјата планира на 5 јуни да одржи национален референдум околу воведување на основен доход.
Заговорниците на овој модел кој станува се повеќепопуларен, од Владата бараат на секое полнолетно лице да исплаќа „приход‟ кој по даночењето би изнесувал минимални 2.500 швајцарски франци.
Сепак, швајцарската Влада е против оваа иницијатива поради која секоја година ќе мора да обезбеди 25 милијарди франци од државниот буџет.
Извор: Плусинфо.мк