Убиецот од Ница и бил познат на полицијата
Сторителот на нападот, и бил познат на полицијата во Франција, на неколку пати бил осуден и за други злосторства.
Човекот што го извршил терористичкиот чин во францускиот град Ница и бил познат на полицијата, пренесе Интерфакс, повикувајќи се на францускиот телевизиски канал БФМ.
Терористот бил идентификуван по документите кои ги носел со себе. Тоа бил Французин од туниско потекло, роден во 1985 година Претходно тој бил уапсен за поседување оружје и за други злосторства, но тие не биле поврзани со тероризам.
Камионот со кој е извршено нападот бил земен под наем. Кај терористот биле откриени документи, пиштол, полнење за огнено оружје и гранати.”.
Потсетуваме дека терорист со камион возеше и газеше 2 километри во толпа во францускиот град Ница , каде најголем врој беа деца .
Најмалку 84 лица загинале во нападот, а 50 се повредени од кои 18 се во критична состојба Возачот бил застрелан на лице место.