Сакамдакажам:Кемалистите ги наседнаа Ѓуленистите за пуч во Турција?
Ердоган го обвини турскиот свештеник Фетулах Ѓулен, кој 15 години живее во САД, дека стои зад пучот, но Ѓулен негира и рече дека е можно самиот Ердоган да го инсценирал воениот удар, но здравиот разум диктира дека настанот отиде предалеку за да биде инсценација, пишува Сакамдакажам.
Ова беше 5-ти пуч во Турција во последниве 60 години, но ниеден не се споредува со она што се случи ноќта на 15 јули. Никој не очекуваше воен удар, и иако се зборува дека средното ниво на воената команда не е задоволна со нелибералните политики на Ердоган, пуч изгледаше како доста неверојатна опција.
Ова е затоа што ограничувањето на военото присуство во политиката беше една од главните завети на владејачката Партија на правдата и развојот (АК партија), уште од вториот мандат на власт. Дури, власта започна голема и долготрајна кривична истрага против тнр. Ергенекон, која според обвинението е терористичка организација на секуларни националисти во таканаречената „длабока држава“ – во рамките на политичкиот систем.
Ердоган го обвини турскиот свештеник Фетулах Ѓулен, кој 15 години живее во САД, дека стои зад пучот, но Ѓулен негира и рече дека е можно самиот Ердоган да го инсценирал воениот удар. 75-годишниот Ѓулен кој живее во Пенсилванија, е на чело на популарното движење Хизмет во кое членуваат и високи воени команданти и среднокласни бирократи. Ѓулен некогаш беше сојузник на Ердоган, но тој одамна го обвинува дека сплеткари против него.
Една теорија за пучот е дека е настан инсцениран од Ердоган за да добие поголема моќ, но здравиот разум диктира дека настанот отиде предалеку за да биде инсценација.
Текстор во целост прочитај го ТУКА.