Нови земјотреси на Балканот
Објавено на 6 октомври, 2016 во 07:23
Нови земјотреси утрово се регистрирани на Балканскиот полуостров.
Земјотрес со јачина од 2,7 степени, ја погоди Албанија, со епицентар во Тирана.
Во Турција имало потреси во Измир и Бурса и тоа од 2 и 2.2 степени.
Земјотрес утрово ја стресе и Италија, при што во централниот дел имаше потрес со јачина од 3.2 степени. Во изминатите 24 часа имало најмалку 10 потреси во различни делови на Балканот.
Последниве два месеци имаше голем број потреси на Балканот и во светот.