Светските берзи се опоравуваат по вчерашниот шок
Светската берза денеска започна да се опоравува од првичниот шок од изненадувачката победа на новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп јавуваат новинските агенции. Светскиот берзански пазар и американскиот долар вчера имаа пад по веста дека републиканскиот кандидат Доналд Трамп ќе биде 45 претседател на Соединетите Американски Држави.
Денеска доларот и цената на суровата нафта бележат пораст. По вчерашната политичка неизвесност акциите на американскиот пазар паднаа за пет отсто во еден момент што е поголем пад од претходниот во јуни по одлуката на Велика Британија да ја напушти Европската унија.
Индексот на Вол Стрит падна за три отсто, а и американскиот долар имаше вртоглав пад во односот на јенот и еврото.
Трамп во својата претседателска кампања имаше изјави против слободните трговски договори како на пример НАФТА, и против последното потпишано транс-пацифичкото партнерство.
Извор: Радио Слободна Европа