Поддржувачите на Клинтон лути на велешани
Кампањата на Хилари била предупредена за наездата од анти Клинтон содржини, но од нејзиниот тим тоа никој не го сфатил сериозно. Сториите од Македонија директно му помогнаа на Трамп, велат познавачите.
Пропагандата за Доналд Трамп и против Хилари Клинтон која доаѓаше од Македонија во текот на изборната кампања во САД, директно му помогна на републиканскиот кандидат и избран-претседател на најмоќната држава во светот. Експерти од САД кои го истражувале влијанието на про-Трамп страниците од Македонија за „Базфид“ тврдат дека тие направиле хаос на интернет.
Џон Матес адвокат и поранешен новинар и советник во Советот за истраги на американскиот Сенат ги истражувал Фејсбук профилите кои ги промовирале лажните вести и интернет порталите и нивното потекло. Открил дека овие портали биле водени од луѓе во Велес, како веќе пишуваше ДВ. На дел од профилите на спамерите, градот Велес бил наведен како место на живеење.
„Во периодот откога на Хилари и се слоши и изгуби свест пред камерите, нашата Фејсбук група беше преплавена со лажни статии исполнети со омраза кон Хилари. Луѓето ја обвинуваа Хилари за убиство на опонентите, а беше и пишувано дека во јавните настапи користела двојници“, вели за Базфид,
Бројот на невистинити вести од Македонија станал толку голем што сопственик на 10 лажни интернет портали од САД го контактирал Базфид за да го изрази своето незадоволство од наездата на македонските про-Трамп спам Фејсбук групи, пишува Дојче Веле.
https://www.youtube.com/watch?v=PZYvBzUDDiA