Триесет и една година од Чернобил
Објавено на 27 април, 2017 во 08:15
На денешен ден пред 31 година се случи нуклеарната катастрофа во Чернобил. Експлозијата во нуклеарниот реактор однесе бројни човечки животи и предизвика огромна материјална штета.
Со експлозијата биле контаминирани околу 150 000 квадратни километри територија на поранешниот Советски сојуз на просторот на Украина, Белорусија и Русија.
Жртвите во текот на хаваријата не биле големи, но неколку години подоцна скоро пет милиони луѓе со живот ја платија цената за нуклеарната катастрофа.
Причината за хаваријата се уште е потврдена, дали се работи за човечка грешка или беше последица на Студената војна која влегуваше во завршница.