СТО го одобри австралискиот закон за пакување цигари
Објавено на 8 мај, 2017 во 10:52
По пет години борба, Светската трговска организација го потврди австралискиот закон за рестриктивно пакување на цигарите.
Оваа одлука претставува удар за целата тутунска индустрија, бидејќи се отвора патот и други земји да донесат слични закони кои предвидуваат одреден изглед на пакувањата со цигари.
Тоа може да има уште поширока примена, ако ги опфати и пакувањата на алкохолот и брзата храна.
Австралија донесе закон со кој сите цигари ќе бидат во исти маслино-зеленасти пакувања и без логотип на производителот и со фотoграфии кои предупредуваат на последици од пушењето.