AccuWeather : Ова лето најжешко во Македонија, Бугарија, Унгарија и Романија
Ова лето најголемиот проблем на жителите на Јужна и Источна Европа ќе бидат долгите пеколни периоди и опасните топлотни бранови. Ова го тврди AccuWather. Од друга страна, на Ирците и на Англичаните ќе им недостасува сонце.
Во меѓувреме, од силни дождови ќе бидат погодени Франција, Чешка и Полска. Со ваквите најави, очигледно е дека Европа ја очекува долго топло лето. Но, од екстремни температури ќе бидат погодени делови на Италија и на Балканскиот Полуостров.
Во текот на летото најчестата температура ќе биде над 32 ° C.
– За време на најинтензивните топлотни бранови можна е и рекордна топлина – рече AccuWeather метеорологот Алан Репорт.
Со највисок ризик ќе бидат погодени локации на Македонија, Бугарија,Унгарија и Романија.
– Друг проблем што ќе се појави во оваа област се смогот и лошиот квалитет на воздухот – рече AccuWatherov meteroeolog Тајлер Ројс.
Топлото време, ќе ја ограничи количината на врнежи од дожд. Со тоа ќе се зголеми ризикот од суша.