Поради салмонела, хрватската Влада го повлекува пилешкото од Бразил
Објавено на 26 мај, 2017 во 15:27
Министерството за земјоделие на Хрватска денеска ги извести потрошувачите дека се повлекуваат производите „Пилешко филе замрзнато-солено“ од бразилски производител поради утврдено присуство на бактеријата Salmonella Heidelberg.
Хрватското министерство за земјоделие било известено за бактеријата на 23 мај по пат на системот EU RASFF дека за време на службената контрола во Словенија било утврдено присуството на бактеријата.
Со инспекциската контрола на ветеринарната инспекција било утврдено дека дистрибутер за Хрватска била фирмата „Gidran d.o.o.“, а увозник „Select food d.o.o“ од Загреб.
.