Американците со петиција бараат Трамп да му се извини на Маровиќ
Претседателот на САД мора веднаш да им се извини на сите членови на НАТО за своето однесување“, пишува во онлајн петицијата која ја поднесоа американските граѓани на порталот “We the people”.
Граѓаните на САД бараат претседателот Доналд Трамп да му се извини на премиерот на Црна Гора, Душко Марковиќ откако вчера пред групната фотографија на НАТО, американскиот претседател стави рака врз премиерот на Црна Гора и грубо го помести настрана.
„Ова е срамно за американскиот народ и ужасен чин. Претседателот на САД мора веднаш да се извини на сите членови на НАТО за своето однесување“, се наведува во петицијата.
Марковиќ од своја страна констатираше дека настанот со Трамп не бил ништо вредно за коментирање.
“Сакам да кажам дека е природно претседателот на САД да биде во прв ред. Црна Гора останува да биде приврзана на пријателството на САД“, рече Марковиќ.
За Белата куќа да ја земе петицијата за разгледување потребно е до 24 јуни да ја потпишат 100.000 граѓани.