Австралија планира на педофилите да им забрани да патуваат
Објавено на 30 мај, 2017 во 11:46
Австралиската влада планира да им забрани на осудените педофили да патуваат надвор од земјата.Тоа е прв таков чекор чија цел е да се заштитат од експлоатација децата од југоисточна Азија. Како што се наведува, автралиските педофили се познати по тоа што заминуваат на евтини одмори на југоисточните и пацифички острови, каде злоставуваат деца, пренесува АП.
Министерката за надворешни работи Џули Бишоп изјави дека би им ги одзела пасошите на педофилите, кои се околу 20.000 регистрирани, а новиот закон наскоро ќе се најде пред австралиските пратеници.
Според неа, новиот закон ќе ја направи Австралија светски лидер во заштита на загрозените деца во регионот од она што таа го нарече „детски секс туризам“