Дваесет и четири часовен штрајк на железничарите во Грција
Објавено на 1 јуни, 2017 во 08:37
Во Грција денеска железничарите ќе одржат 24-часовен штрајк поради незадоволството од условите за работа, како и состојбата на железничката инфраструктура.
Поради штрајкот ќе биде запрено движењето на сите возови во државата.
Грчките железничари претходно планираа да го почнат штрајкот уште кон почетокот на неделава, а денеска да прерасне во заеднички протест.