„Вашингтон пост“: Се подготвува тужба против Трамп
– Државните обвинители на американската држава Мериленд и главниот град Вашингтон планираат денеска да поднесат тужба против претседателот на САД, Доналд Трамп, тврдејќи дека ги „прекршил антикорупциските уставни одбредби, примајќи милиони од странски влади, откако се преселил во Белата куќа“, пишува „Вашингтон пост“.
Тужбата се базира на „фактот дека Трамп одлучил да ја задржи сопственоста над својата компанија, кога станал претседател, објавено е на сајтот на весникот.
Доколку сојузниот судија дозволи покренување постапка, јавните обвинители Кари Рејсин и Брајан Фрош прво ќе бараат да се објасви даночната пријава на Трамп, со што ќе се утврди обемот на странските трансакции во рамки на неговиот бизнис.
– Таа борба највројатно ќе заврши пред Врховниот суд, сметаат обвинителите.