Трамп се соочува со импичмент
Објавено на 13 јули, 2017 во 07:41
Претседателот на САД Доналд Трамп се соочува со постапка на интерпелација пренесоа агенциите.
Конгресменот – демократ од Калифорнија Бред Шерман смета дека Трамп ја попречил правдата, кога интервенирал во работата на поранешниот директор на ФБИ Џејмс Коми во истрагата против еден од советникот за национална безбедност Мајкл Флин.
Комплетен апсурд , тоа е најгрдото во политичката игра, коментира портпаролот на Белата куќа Сара Хакаби Сандерс.
Досега Конгресот нема соборено од власт претседателот со импичмент.
Ендрју Џонсон во 1868 година и Бил Клинтон во 1998 година се прогласени за невини, а во 1974 година Ричард Никсон преферира да поднесе оставка, за да избегне отповикување поради скандалот “Вотергејт”.