И играчи и навивачи на „Хајдук“ се вклучија во гаснењето на пожарот во Сплит (Фото)
Кошмарна ноќ имаа жителите на Сплит. Пожарите кои бесеат во Хрватска стигнаа до преградието на градот.
Пламнале градското гробишта, како и депонијата во Кареповац што пак е една нова и голема еколошка катастрофа.Локалните медиуми јавуваат исто за експлодирана бензинска пумпа, а поради лошото време хеликоптерите за борба со пожари не можат да полетаат.
Во борбата со пожарот учествуваат стотици спасувачи, воени и волонтери. Најсложена е ситуацијата југоисточно од градот од страна на туристичкиот регион Подстрана каде борбата се води, да не се дозволи огнот да пробие до станбените згради.
Населението на крајните маала “Жрновица” и “Стожанац” се евакуирани. Околу 250 легла се подготвени во спортски комплекс “Паладиум арена” за сите евакуирани
Градоначалникот на Сплит Андро Крстулович соопшти по полноќ дека “најлошото е зад нас, Сплит е спасен”, но набргу потоа заради зајакнување на ветрот ситуацијата се влошува нагло. Во моментов огнот уништил неколку објекти на периферијата на градот.
На помош на пожарникарите дојдат организираните навивачи на Хајдук, познати како “Торцида”. На првата линија биле забележани и играчите на вториот тим на Хајдук Звонимир Милиќ, Јерко Шепарович, како и Тома Башиќ од првиот тим.
“Ајде, сите заедно како во 90-тите! Хрватска над сè. Ќе имаме време за ривалство “, пишуваат на еден од профилите на фан групите на социјалните мрежи.