Двајца загинати и 200 повредени по земјотресот во Егејско море (ФОТО) и (ВИДЕО)
Најмалку две лица загинаа по силниот земјотрес во Егејското Море, на островот Кос што ја здрма и југоисточна Турција, пренесе NBC News.
Други околу 200 биле повредени, вклучувајќи 120 во Грција и околу 70 во Турција. Жртвите се наоѓале на грчкиот остров Кос , потврдил градоначалникот и прецизирал дека загинатите се странци.
Се смета дека странците се загинати по уривање на еден бар на туристичкото место. Некои од повредените на Кос се префрлени на остров Родос, каде добиваат итни медицински третмани.
Земјотресот што го погоди регион меѓу Турција и грчките Додеканезки Острови во Средоземно Море , се случил ноќеска во 01:31 часот , а интензитет на основниот земјотрес е 6,7, а подоцна имало и афтршок со интензитет над 5,0, пренесе АФП.
Десетици послаби потреси се регистрирани во регионот и во овие ноќни часови. Епицентарот е на 12 километри јужно од турскиот град Бодрум, огништето е на длабочина од 10 километри .
Земјотресот предизвика мало цунами, се наведува во информацијата на Европскиот медитерански сеизмолошки центар.
Опсерваторијата во Атина наведе дека тој бил со јачина од шест степени, а други грчки преставници тврдат оти неговиот интензитет бил со 6,5 степени според Рихтер.
{vembed Y=KvqA0R_nssc}