Град ги побеле плажите во Истра
Објавено на 28 јули, 2017 во 09:23
Во Истра вчера паднало толку многу град што го собирале со лопати, како да е декември, а не крај на јули.
Хрватските медиуми пишуваат дека температурата на воздухот нагло се спуштила на 13 степени и дувал силен ветер.
Поради градот беа затворени и некои локални патишта, а поради големата количина паднат град, на терен беа испратени и багери за да ги расчистат улиците.
Медиумите наведуваат дека станува збор за најсилен град во последните десет години.
Слично било и во Италија, на Јадранскиот брег.