Нови правила за Зелена карта во САД
Американскиот претседател Доналд Трамп објави нов план за имиграцијата во САД, пренесоа американските медиуми.
Документот предвидува промена на правилата за добивање на Зелена карта.
Овој конкурентен процес за апликација ќе фаворизира кандидати кои зборуваат англиски, располагаат со финансиски средства за да се издржуваат и кои ќе покажат вештини кои ќе бидат од корист за нашата економија , вети Доналд Трамп.
Според него само на тој начин ќе може да се намали сиромаштијата, ќе се зголемат платите и ќе се заштедат пари и на даночните обврзници.
Со Законот ќе се намали миграцијата и ќе се замени сегашната шема со дамка во системот за добивање на зелена карта, се закани американскиот претседател.
Законот треба да ја добие поддршката на Капитол. Сепак е јасно дека новите мерки се насочени кон значително намалување на легалните имигранти , построги правила за добивање на привремена работна виза, рестрикции за давање визи по семејна линија и ограничување на бројот на легалните имигранти до 50 илјади годишно.