Ураганот Харви прави пустош во Тексас ( ВИДЕО )
Ураганот Харви синоќа го погоди крајбрежјето на американската држава Тексас, недалеку од градот Корпус Кириси. Ветерот постигнал брзина од 215 километри на час и предизвикал големи поплави. Десетици илјади лица ја напуштиле областа.
{vembed Y=EwlGm_iXWuE}
Харви е најмоќниот ураган што стигнал до САД од 2005 година и претставува најсилна бура што го погодила Тексас од 1961 година.
Ураганот стигна на копното меѓу Роклорт и Пор Арансас, на педесетина километри североисточно од Корпус Кристи, синоќа околу 22 часот, по локално време, наведе на Твитер Националниот центар за урагани на САД.
Харви може целосно да уништи стотици куќи, и со тоа да предизвика голем број населби да бидат ненаселени во текот на следните месеци, објасни Центарот. Се очекува ураганот да остане уште неколку денови во овој регион.
Харви е ураган од четврти степен, а максималната категорија за моќност на урагани е пет. Паради стихијата и очекуваните катастрофални последици од неа, американските власти прогласија вонредна состојба, а американскиот претседател Доналд Трамп потпиша декрет за тоа.