Во ураганот Харви најмалку 14 лица загинаа
Објавено на 29 август, 2017 во 15:59
Бројот на жртвите во ураганот Харви, што ја погоди американската сојузна држава Тексас се искачи на 14.
Локалните власти стравуваат дека ќе се зголеми бројот на жртвите по повлекување на надојдената вода.
Градоначалникот на Хјустон, Силвестер Тарнер истакна дека во центрите за привремено сместување има околу 6.200 луѓе.
– Потребите ни се големи. Во тие центри има луѓе кои нема каде да одат, истакна Тарнер.
Гувернерот на Тексас, Грег Абот побара да се мобилизираат 12.000 резервисти од Националната гарда кои ќе бидат ангажирани за укажување на помош на настраданите, како и на лицата кои останале без дом, но и во потрага по жртвите.