Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to TwitterSubmit to LinkedIn

Пред Комисијата за правда на Сенатот на САД вчера започна првото од планираните три сослушувања на претставници на компаниите „Фејсбук“, „Твитер“ и „Гугл“, во рамки на истрагата во врска со сомнежите за руско мешање во ланските американски претседателски избори.


Претставниците на трите американски технолошки гиганти треба да одговараат во врска со објавите на нивните социјални мрежи, за кои постои сомнеж дека се поврзани со Русија.

Според извори блиски до истрагата, се очекува претставиците на ИТ гигантите да соопштат дека откриле дополнителни докази за „руска активност“ на нивните мрежи во периодот на кампањата пред ланските избори.
„Фејсбук“ веќе соопшти дека во периодот околу изборите регистрирал над 80.000 објави, кои потекнувале од една руска група. Според „Фејсбук“, тие објави ги виделе од околу 126 милиони американски избирачи.

Извори во „Твитер“ информираа дека социјалната мрежа веќе затворила 2.752 налози поврзани со групата Руска агенција за интерент истражувања, која е позната по промовирање на ставовите и позициите на официјална Москва.

Поврзани вести

 

Најново