Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to TwitterSubmit to LinkedIn

Словенија нема да ја прифати понудата на Загреб за нови преговори околу граничниот спор во Пиранскиот Залив, изјави синоќа словенечкиот премиер Миро Церар.

– Нагласувам дека Словенија и натаму ќе биде доследна во спроведувањето на одлуката на Арбитражниот суд и нема да прифати нови преговори за границата, изјави Церар во обраќање пред претставниците на странските дипломатски мисии во Словенија.

Според него, прифаќањето на преговори за граничниот спор би претставувало „оддалечување од европското и меѓународното право, а со тоа и од интересите на Република Словенија“.

Церар оцени дека Словенија може да биде „генерално задоволна“ од соработката со соседите, иако минатата година беа нарушени односите со Хрватка поради „различните гледишта на прашањето за нерешениот граничен спор“.

Тој потесети дека Словенија останува посветена на одлуката на Арбитражниот суд за граничната линија во Пиранскиот Залив, додека Хрватска смета дека за неа тоа решение не важи.

– Словенија ќе продолжи да инсистира на спроведувањето на арбитражната пресуда како правно валидна за двете страни, но ќе ги искористи распложливите правни средства доколку Хрватска ја игнорира пресудата на арбитрите, додаде Церар.

 

Поврзани вести

 

Вчера и денеска во ЈКП Дервен се испита причината за краткиот прекин на испорака на вода на ЈЗУ Болница – Велес на ден 20.02.2018 година.

Утврдено е дека екипа на Сектор Водовод работела на замена на вентил на ул. Љубљанска, поради што морале да го затворат вентилот на линијата од која од оваа страна се снабдува со вода болницата.

Но, лицето кое го затворило вентилот заради активностите на ул. Љубљанска, со крајна небрежност истото го сторило без да провери дека вентилот од втората доводна линија од страната на Којник бил исто така затворен, а што морал да го стори пред да го затвори вентилот од првата доводна линија. На овој начин ги затворил двата вентила од двете доводни линии и предзвикал краток прекин на водоснабдувањето во болницата во времетраење од 10-15 минути, по што било интервенирано и воспоставено нормално водоснабдување.

Како резултат на горенаведеното, во ЈКП Дервен во тек е постапка за утврдување на дисциплинска одговорност на соодветно лице, кон кое ќе бидат преземени строги дисциплински мерки.

Значи, не станува збор за намерно исклучување на водата на болницата, или исклучување со дадена наредба, бидејќи за тоа нема причини.

Реакциите на јавноста се оправдани и очекувани. Сепак, коментарите на социјалните мрежи кои имаат намера да прикажат пред јавноста дека наведениот проблем е намерено предизвикан, смислен и сл. и дека некој сака свесно да предизвика проблем се неточни и злонамерни.

Со почит,
ЈКП Дервен

Најново