Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to TwitterSubmit to LinkedIn

Мнозинството Грци, 87 отсто од оние кои во неделата излегоа во центарот на Атина учествувале во протестот за да го изразат несогласувањето со прашањето за името, покажува истражувањето на агенцијата „КАПА Research“ за весникот „То Вима“.

Од направената анкета меѓу граѓаните, истражувањето го одредува и профилот на демонстрантите, јавува дописникот на МИА од Атина.
Мнозинството биле мажи (77 отсто), десничарско ориентирани (54 отсто) , со место на живеење во областа Атика – поширокиот регион на Атина (83 отсто) и над 45 години (72 отсто).

На прашањето зошто решиле да учествуваат во протестот, Грците (имајќи можност да одберат меѓу два одговора) како главна причина го одбрале спорот со името.
– За да го изразам моето противење во случувањата во скопското прашање 87 отсто;
– За да протестирам против политичкиот систем 41 отсто ;
– Антивладин протест 25 отсто;
– Одговорив на повикот на црквата три отсто;
– Протестирам против опозицијата два отсто;
– Од друга причина еден отсто;
-Не знам/ не одговарам еден отсто;

Резултатите покажуваат дека присутните беа десничарски ориентирани граѓани што се собраа на Синтагма за да протестираат против името Македонија во било кој облик во новото име на ПЈРМ, што може да произлезе од преговорите меѓу владите на Атина и Скопје, пишува „То Вима“.

Според резултатите од анкетата, 54 отсто од испитаниците биле десно ориентирани во ставовите, 21 отсто биле центристи, 15 отсто имале наклонетост кон левицата, а 10 отсто одбиле да одговорат.

Дури 65 отсто од испитаниците изјавиле дека пораката од собирот била изразување мирен протест, додека 29 отсто собирот го сметале за пресврт во политичкиот систем.

Во однос на тоа во која институција имаат најмногу доверба, според одговорите на Грците што присуствуваа на протестот на Синтагма, на прво место е војската со 64 отсто, а потоа е црквата (55 отсто), додека пак

Парламентот и политичките партии се многу ниско рангирани и со голем број на негативни одговори, 85 отсто и 93 отсто одделно.

Истражувањето покажало дека 77 отсто од демонстрантите биле мажи, а 23 отсто жени, седум од 10 Грци биле на возраст од над 45 години, од кои 28 отсто меѓу 45 и 54 години, 25 отсто на возраст меѓу 55 и 64, а 19 отсто над 65 години. Три од 10 биле под 44 години, односно 14 отсто на возраст меѓу 35 и 44, само пет отсто биле на возраст меѓу 25 и 34, седум отсто меѓу 17 и 24, и два отсто под 16 години.

Извор: МИА

 

Поврзани вести

Web banner Hit Portal Sinalco IceTea 2018 300x250px 01

 

Најново