Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to TwitterSubmit to LinkedIn

Властите во Белград предлагаат да го добијат северно Косово во замена за областите населени со Албанци во Јужна Србија. Поддржувачите на идејата тврдат дека мултиетничките држави не успеале на Балканот.
Ова е напишано од The Economist. Постои причина зошто терминот “балканизација” има лоша слава. Отстранувањето на границите е подобро решение отколку нивното прецртување. Инаку, како што тврди висок политичар од Брисел, ќе се дојде до “отворање на портите на пеколот на Балканот”.

Белград не го признава Косово, поранешна српска јужна покраина, а косовските Срби сé уште се сметаат за граѓани на Србија.

Ситуацијата е типична за Балканот, каде што границите се хаос. Иронично, повеќето косовски Срби всушност живеат во енклави во јужно Косово. Па дури и по можен договор тие автоматски нема да паднат во Србија.

Најверојатно ќе бидат принудени да ги напуштат своите домови или да бидат протерани директно.

Во 1923 година, Грција и Турција се согласија да разменат околу два милиони луѓе. Повеќето – Грци православни христијани, граѓани на Турција, се испратени во Грција, а помал број грчки муслимани се преместени на спротивна насока. Брутален процес на етничко чистење. Но, од тогаш двете земји меѓу себе не водеа војна за територии.

Конфликт има само заради островот Кипар, каде населението останува мешано. Така, овој преседан ги инспирира националистите од Западен Балкан за решение на нивните проблеми.

Ако Србија и Косово започнат преговори за промена на границите, тоа може да доведе до сериозни последици. Во таков случај водачите на босанските Срби ќе организираат референдум за иднината на Република Српска, Хрватите ќе поднесат жалба, а Бошњаците ќе се борат против распадот на државата си. Потоа Србите ќе се обидат да ги неутрализираат националистите од Санџак, кои сонуваат за обединување со Босна.

Во исто време Албанците од Западна Македонија и Црна Гора ќе сакаат пристапување кон Голема Албанија. Приврзаниците на Голема Албанија ќе сакаат делови од Северна Грција, а грчките националисти ќе сакаат јужниот дел на Албанија.

Унгарските националисти не ја прифаќаат загубата на Трансилванија во Романија, а романските националисти ќе сакаат укинување на границата со Молдавија.

 

Поврзани вести

 

Најново